
Едно од најгорливите прашања за младите брачни парови е како да дојдат до свој стан. Проблемот е и во фокусот на Владата која бара решение на оваа прашање. Се најавија две законски решениија со кои за младите брачни парови до 35 години, цената на становите треба да биде за 20 проценти пониска од просечната пазарна, а градењето куќа треба да биде без да се плаќаат комуналии. Овие мерки се и дел од демографската политика со која се поддржуваат семејствата, наталитетот и одливот на младите.
Во досегашните изјави на премиерот Христијан Мицкоски, тој објасни дека во законот ќе биде се регулирано, а репер-цена ќе биде цената од претходната година за таа катастарска општина во којашто се продавани.
– Ќе го извадиме просекот и врз основа на тој просек 20 проценти ќе има попуст – рече премиерот.
СИМУЛАЦИЈА НА ПОПУСТОТ
Анализата што ја направи „Пари“ врз основа на објавените подтоци за просечни цени за продаден квадратен метар, објавени од Регистарот на цени и закупнини за период 01.07.2026 – 30.09.2026 година, направи симулација, колку би биле новите, намалени цени за 20 проценти за младите брачни парови.
Веројатно, додека се свои регулативата, попустот ќе се прави врз основа на просечните цени од 2026 година, затоа и премиерот накави дека ќе ги почека податоците од Катастарот за последниот квартал, за да се соопштат новите цени за брачните двојки.
Но, колку за илустрација, што може да се очекува, ги земавме најсвежите податоци за периодот јули-септември.
Катастарот објави просечни цени на квадратен метар за нови станови во 5 скопски општини и за два града со напомена дека се дава податок за оние општини за кои има доволен број на трансакции за да се даде просечна цена.
Од податоците што ги има, може да видиме дека освен за центарот на Скопје, ова намалување на цени е ќе ги врати на околу 1.000 евра за станбен простор во повеќе општини.
Во Ценатар, новата просечна цена за младите би била 98.018 денари за квадратен метар, или околу 1.600 евра, во Карпош 73.404 денари, или околу 1.200 евра, во Кисела Вода веќе би можел да се купи стан по цена од 1.100 евра за квадратен метар, во Гази Баба за околу 1.000 евра, а во Аеродром и сега има поумерена цена од просечни 73.313 денари, додека , кога сега би имало готов закон за попустот од 20 проценти за младите, тие би го купиле за 58.650 денари, или под 1.000 евра.
Од другите градови, во анализата на Катастар влегла само Струмица, а тамошните млади би можеле многу полесно да дојдат до стан, со платени 600 евра за квадратен метар.

Според Катастарот во третиот квартал продадени се 878 станови, а во тек е изградба на 28.979 станови (со листови за предбележување на градба)
Истргувани се станови со вкупно 150.454 метри квадратни, а вкупна цена е 9.866.133.077 денари. Значи, просечна цена на квадратен метар на стан, било каде и да се наоѓа е 65.575 денари, или 1.066 евра. Со попуст, државниот просек на новопродадени станови би се свел на 800 евра.
ЌЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ЛИ ГРАДЕЖНИЦИТЕ ОВИЕ ЦЕНИ?
Ако сакаат градежните комапнии да добијат дозвола за градба ќе мора да издвојат најмалку 10 проценти од станбените единици за млади семејства. Ова во законско решение го најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој беше конкретен дека Владата нема да ја субвенционира цената до пазарната, затоа што пазарната цена е доволно висока и градежните комапнии направија доволно високи профити.
– Нема потреба да има субвенција, доволно остваруваа профит по 3.000 евра по квадрат во Скопје – рече Мицкоски.
Од Градежната комора при Сојузот на стопански комори изјавија дека ја поддржуваат целта младите брачни парови полесно да дојдат до свој дом, но дека бараат издржана анализа за тоа како да се стигне до целта.
-Предлагаме Владата и Комората заеднички да утврдат одржлив модел: јасни критериуми за корисниците, проверлив начин за утврдување на пазарната цена и прецизни правила за проектите што се веќе започнати. Подготвени сме активно да учествуваме во изработката на решението. Целта треба да биде реално подостапен стан за младите, без нови неизвесности за купувачите и изградбата –велат од Градежната комора.
КОЛКУ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД КОМУНАЛИИ ЗА КУЌА
Покрај поволноста за купување стан, Владата најави и ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да градат куќа. Комуналиите, односно надоместокот за уредување на градежното земјиште, ги утврдуваат општините со свои одлуки, па висината зависи од локацијата, зоната и површината на објектот. Оттука, за да се реализира најавената мерка, со закон ќе треба да се прецизира дали ослободувањето ќе важи за целиот надоместок што го наплатуваат општините и како ќе се надомести евентуалниот приход што тие би го изгубиле.
Според изнформации на ТВ Алфа, надоместокот за уредување градежно земјиште во центарот на Скопје може да изнесува и до 15 илјади евра за 100 метри квадратни изградена површина. Во урбаните делови на Ѓорче Петров, Кисела Вода и Бутел околу 8 илјади евра, а во руралните делови до најмногу 5 илјади евра. Надоместокот е околу илјада евра во најмалите градови, пет илјади евра во Штип и Прилеп, до 9 илјади евра во урбаниот дел на Охрид. Во руралните средини во внатрешноста, сумата е од 500 до 1.200 евра.
Во однос на највеното ослободување од комуналии за млади брачни парови, Град Скопје вече најави таква мерка. На 5 ноември 2026 година беше објавено дека Град Скопје донел мерка за ослободување од својот дел од комуналиите за млади брачни парови и самохрани родители што градат куќа.
Но, ослободувањето се однесува на 60 проценти од вкупниот надоместок, колку што му припаѓаат на Град Скопје. Другите 40 проценти ги наплатува општината на чија територија се гради куќата.
Премиерот Мицкоски рече дека дел од градоначалниците веќе му се јавиле со предлози за дополнително олеснување на пристапот до сопствен дом. Некои од нив, го информирале дека располагаат со земјиште од неколку хектари што би можело да се урбанизира и парцелизира, а потоа да им се понуди на младите брачни парови по цена од едно евро.
Редакција Пари
Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
Аналитика








