ПОВЕЌЕ

    Триглав Осигурување ја воведува Триа, новиот AI асистент

    Време зa читање: 2 минути

    Достапна 24/7, Триа нуди информации и насоки за осигурувањето, овозможувајќи им на корисниците побрз и поедноставен пристап до потребните информации.

    Осигурувањето понекогаш отвора многу практични прашања: што опфаќа одредено покритие, кои документи се потребни, како се пријавува штета или што треба да се направи во одредена ситуација. Триа е создадена токму за ваквите прашања, за корисниците да можат брзо и едноставно да дојдат до потребните одговори.

    Триа нуди општи информации и насоки за широк спектар на теми од областа на осигурувањето, од видовите осигурителни производи и услуги што ги нуди Триглав до начинот на склучување осигурување и користење на осигурителните услуги. Како дополнителен канал за комуникација, новиот AI асистент ја надополнува постојната корисничка поддршка и придонесува за унапредување на корисничкото искуство. За прашања поврзани со конкретна полиса или индивидуален случај, тимот на Триглав и понатаму им е на располагање за совет и поддршка на своите клиенти.

    „Технологијата има вистинска вредност кога решава конкретна потреба и им го олеснува секојдневието на луѓето. Со Триа сакаме информациите за осигурувањето да ги направиме подостапни и поразбирливи, а на корисниците да им овозможиме полесно да дојдат до одговорите што ги бараат. За нас, тоа е суштината на дигитализацијата: технологијата да биде едноставна, корисна и во служба на подобро корисничко искуство“, изјави Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Осигурување.

    Со воведувањето на Триа, Триглав Осигурување ја потврдува својата посветеност на создавање услуги што одговараат на реалните потреби и очекувања на клиентите. Поголемата достапност, едноставноста во комуникацијата и квалитетната поддршка остануваат во фокусот на компанијата во градењето долгорочни односи засновани на доверба и сигурност.

    Новиот AI асистент Триа е достапен на официјалната веб-страница на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

    За повеќе информации обратете се во Службата за маркетинг и односи со јавност, Триглав Осигурување, бул. 3-та Македонска Бригада, бр. 36, 1000 Скопје, e-mail: [email protected], web: www.triglav.mk 

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично