Компанијата ги има направено сите потребни усогласувања во согласност со препораките на регулаторот, а привремената мерка повеќе не е во сила. Тиго Фајнанс во моментов работи редовно, непречено и без ограничувања, а сите производи и услуги се достапни за клиентите преку целата мрежа на филијали, Контакт центарот и дигиталните канали.
Објаснувањето на Тиго Фајнанс уследи по информацијата објавена од Министерството за финансии – за изречената привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва. И по објавата на Пари за кои друштва станува збор.
„Имено, мерката наведена во објавата се однесува на септември 2026 година“, посочуваат од Тиго Фајнанс и укажуваат дека компанијата е целосно посветен на почитување на важечките закони и регулаторни барања, одговорно кредитирање, транспарентност и примена на високи професионални и етички стандарди.
Аналитика








