ПОВЕЌЕ

    Акции на седум компании смениле сопственик надвор од берзата

    Време зa читање: 2 минути

    Осум трансакции со 978 акции на седум котирани друштва е билансот од нетрговските трансфери извршени минатата работна седмица.

    Надвор од берзанските тргувања, двапати се процесуирани акции на Комерцијална банка: 12 во понеделникот и 100 во петокот. Актуелната просечна цена на оваа акција е 23.999,38 денари.

    Најголемиот регистриран неделен пренос е реализиран со 516 обични акции на Македонски Телеком. Просечната цена за акција што датира од 19 ноември е 460 денари.

    Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се заведени 145 обични акции од Витаминка АД Прилеп. Акцијата, со која во изминатите 52 седмици имало само 18 тргувања, има просечна вредност од 12.400 денари.

    Пренос на сопственоста е направен и кај 100 акции на Макстил АД Скопје. Акцијата има ценовен просек од 100 денари.

    Со 49 обични акции во трансферите е застапена ФЗЦ 11 Октомври од Куманово. Последното берзанско тргување е забележано лани, на 30 декември, а во последните 52 недели имало 4 трансакции. Акцијата има просечна цена од 399 денари.

    Во статистиката се и 36 обични акции на скопски Алкалоид. По последното тргување од 20 ноември, просечната цена за акција е 21.999,87 денари.

    Без берзанско тргување сопственик смениле и 20 обични акции што го носат знакот на Окта. Имаат просечна цена од 5.990 денари по акција.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично