ПОВЕЌЕ

    ВНИМАНИЕ, ИЗМАМА! Лажни пораки од Комерцијална банка бараат лични и банкарски податоци

    Време зa читање: 2 минути

    Измамнички електронски пораки, кои изгледаат како официјални известувања од Комерцијална банка, се испраќаат до корисници со цел да ги наведат да отворат сомнителни линкови и да внесат доверливи податоци. Банката предупредува на ваква кампања и апелира граѓаните да бидат особено внимателни.

    Во пораките испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка и известуваат дека одредени функции на платежната сметка се недостапни. Притоа, од примателите се бара да ги ажурираат своите податоци преку приложени линкови.

    Од Комерцијална банка предупредуваат дека граѓаните не треба да ги отвораат линковите, ниту да внесуваат лични податоци, кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички, ПИН-кодови или други чувствителни информации.

    Ваквите активности можат да доведат до неовластен пристап до доверливи податоци, но и до инсталирање злонамерен софтвер на уредите на корисниците.

    Пораката од Банката е јасна: Доколку добиете ваква електронска порака, веднаш избришете ја.

    Од Комерцијална банка посочуваат дека ваквите измами најчесто се овозможени поради недоволна примена на безбедносни механизми во системите за електронска пошта кај одделни корисници и организации.

    Банката информира дека, во рамките на своите надлежности, презема активности и им укажува на давателите на услуги за електронска пошта за потребата од проверки на автентичноста на пораките и идентитетот на испраќачите.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично