ПОВЕЌЕ

    Народната банка ги повикува истражувачите да ги презентираат своите научни трудови

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка на 18 декември 2026 година ќе ја одржи 60. сесија на Клубот на истражувачите, на која заинтересираните ќе имаат можност да ги презентираат резултатите и сознанијата од своите научноистражувачки трудови.

    Рокот за пријавување е 10 декември 2026 година, а заинтересираните истражувачи треба да ги достават своите работни материјали на електронската адреса [email protected].

    Од Народната банка посочуваат дека трудовите треба да бидат изработени во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа и систематизирани заклучоци.

    На сесијата, која претставува платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат и резултати од истражувања и трудови кои сè уште се во работна верзија.

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во областа на монетарната политика и макроекономијата.

    Зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, а подетални информации се достапни на веб-страницата на Народната банка.

    Сесијата ќе се одржи во просториите на Народната банка.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично