ПОВЕЌЕ

    Кои се Рокфелери и како денес го менаџираат своето богатство?

    Време зa читање: 3 минути

    Семејството Рокфелер е една од најбогатите и најпознатите династии во светот. Тие држеле позиции во политиката, влијаеле на заштитата на животната средина и поседувале некои од најскапите недвижнини во светот. 

    Денес има шест генерации на Рокфелер кои контролираат огромно богатство. Но, сите нивни сегашни богатства потекнуваат од еден претприемач: Дејвисон Рокфелер Сениор. Во 1870 година, тој ја основаше најголемата нафтена рафинерија во светот, Стандард Оил. Со купување на конкуренцијата и директна соработка со железничките пруги, тој стана еден од најраните монополи на нафтата, а во раните 1880-ти, Рокфелер контролираше приближно 90% од целата нафта во Америка. Но, во 1911 година, Врховниот суд донесе одлука дека монополот бил нелегален. Како и да е, кога Рокфелер почина во 1937 година, тој вредеше околу 1,5% од целиот американски БДП, што денес би изнесувало околу 340 милијарди долари. Тој се смета за најбогата личност во историјата на САД. По овој првичен прилив на богатство, синот на Рокфелер, Рокфелер Џуниор, започна со диверзифицира на сите средства како и со филантропија и недвижен имот. 

    Рокфелери беа вклучени во иконски недвижен имот низ целиот Менхетен како „Клоистерс“ и поранешниот светски трговски центар. Семејството работеше и на зачувување на животната средина, донирајќи земјиште и формираше повеќе од 20 национални паркови низ целата земја. Како едно од најбогатите семејства во светот, Рокфелерите се едни од најхуманитарните организации. Џон Рокфелер Сениор донирал повеќе од половина милијарда долари, претежно на медицински истражувања, што довело до некои да го нарекуваат најголемиот медицински филантроп во историјата. Неговиот син, подари скоро иста сума за разни цели, со што вкупната сума е повеќе од 1 милијарда долари до 1960 година. 

    Но, никој навистина не го знае целокупниот опсег на нивното богатство, поврзано со недвижнини и инвестиции. Според некои проценки вредноста на богатството го вреднуваат на 11 милијарди долари. Но, нивната способност да го задржат своето богатство е резултат на „Рокфелер Фонд“, каде се чуваат поголемиот дел од парите на семејството од 1934 година. Комитетот ја надгледува употребата на овие пари, а членовите на семејството добиваат делови од генерираната камата. Рокфелерите го искористија своето богатство да влијаат на промените во јавноста и да заземат важни политички позиции. 

    Но, со такво богатство, семејството Рокфелер, исто така, беше во фокусот на голем број теории на заговор, претежно идејата за „нов светски поредок“, каде богатата елита ја заменува светската влада со таен тоталитарен авторитет. Иако не можеме да кажеме дека има многу докази за овој нов светски поредок, има многу докази дека Рокфелерите се неверојатно богати, моќни и филантропски. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично