ПОВЕЌЕ

    Ричард Бренсон сепак бил вкочанет од страв пред да замине во вселената

    Време зa читање: 2 минути

    Ричард Бренсон гостуваше во „The Late Show“ со Стивен Колберт во вторникот, за да разговара за патувањето низ вселената. Тој заедно со уште пет лица се качи на ракетниот брод Вирџин Галактик и стана првиот милијардер кој со суборбитален лет дошол до работ на вселената во неделата. По скоро 17 години работа кон неговиот сон за патување во вселената, еден од неговите најголеми стравови беше нешто што секој од нас – милијардер или не – може да го разбере.

    Кога Колберт, кој беше домаќин на преносот во живо за патувањето на Вирџин Галактик во вселената, праша што може да се случи кога луѓето ќе доживеат нулта гравитација за прв пат, Бренсон беше искрен со неговиот одговор.

    „Бев вкочанет од нервоза“, рече тој. „Мислам, добивате светското снимање и замислете се тоа да пропадне, целиот вселенски брод“.

    Бренсон, чија компанија „Вирџин галактик“ продава билети на вселенски туристи, се смееше на одговорот, додека водителот Колберт му посочи: „Не е најдобрата реклама за вашиот производ“.

    Но, за среќа на Брансон, и милиони луѓе што гледаа, ја поправи ситуацијата и додаде дека пет минути лебдејќи во нулта гравитација пред вселенскиот авион да се спушти назад на Земјата  Бренсон сфатил дека патувањето не му дава никакви чувства на мачнина.

    „Само што уживав“, рече Бренсон. „Ми олесна, но беше – беше извонредно“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично