ПОВЕЌЕ

    ПРОДАВАЛЕ „БЕСНИ“ КОЛИ И ДАВАЛЕ ПЛАТИ ВО ПРОСЕК ОД 53.500 денари

    Време зa читање: 2 минути

    Самата трговија со автомобили асоцира на луксуз, а добрата вест е што во овие компании, каде што се вртат огромни профити, и вработените заработуваат добро.

    Иако е криза, како што пишуваше порталот Пари (http://pari.com.mk/makedoncite-ne-shtedele-za-kupuvanje-nov-avtomomobil/), вработените кои се занимаваат со извоз и продажба на автомобили имале доста работа. Многу граѓани купиле нов автомобил, а со најмногу продажба може да се пофали Порше Македонија.

    Државниот завод за статистика пресметува просечни плати за вработените во Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли, и статистичарите пресметале дека во оваа дејност во 2021 година просекот бил 29.904 денари. Но, најдарежливите компании во трговијата со возила давале плата над 50.000 денари.

    Највисоки плати, над 58.000 денари, земале вработените во Миркат, застапникот на Сузуки, по што следуваат Порше Македонија и М Кар. Највисок скок на платите имало кај Авто Трејд, која во 2020 година во просек ја исплаќала минималната плата, односно нешто под 14.000 денари, а веќе следната, 2021 година, има скок на платите од 272 %. Според податоците на Пари, минатата година месечната плата на ТОП петте компании по плати во просек им изнесувала околу 53.500 денари.

    ТОП 5 ЗАСТАПНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ  ПО ПЛАТИ

    Плати во 2020 годинаПлати во 2021 година
    МИРКАТ54.48258.287
    ПОРШЕ 54.77054.976
    М КАР46.13552.459
    АУТО ТРЕЈД13.84851.958
    МАК АУТОСТАР49.39350.097

    | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Најголем работодавач е Порше Македонија, каде работат над 100 вработени, по што следуваат Еуроимпекс и Мак Автостар со по 90, односно 79 вработени.

    ТОП 5 ЗАСТАПНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ ПО ВРАБОТЕНИ

    Вработени во 2020 годинаВработени во 2021 година
    ПОРШЕ106 102
    ЕУРОИМПЕКС8290
    МАК АУТОСТАР80 79
    АУТОМОБИЛЕ СК 53 53
    АУТОМОТИВ5151

    | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Во претставништвата за продажба на автомобили: Порше, Еуроимпекс, Мак автостар, Автомобиле СК и Автомотив има 375 вработени. Тоа се компаниите од секторот со трговија на возила кои и поединечно вработуваат најмногу вработени во оваа дејност. Од податоците се гледа дека од петте компании со најголем број на работници, само две влегуваат во ТОП 5 компании со најголеми плати во овој сектор – Порше и Мак автостар.

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично