ПОВЕЌЕ

    Претседателот на ССК Трајан Ангелоски на прославата 105 години од основањето на Стопанска комора на Војводина

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанската комора на Војводина прослави 105 години постоење и работа. Насвеченоста која се одржа во Конгресниот центар на Новосадскиот саем присуствуваше делегација на Сојуз на стопански комори предводена од претседателот г-дин Трајан Ангелоски.

    ,,Историјата е таа што докажува дека сме можеле да се обединиме низ вековите, бидејќи поединецот, колку и да е успешен, ја нема силата на обединета економија” изјави претседателот на Стопанската комора на Војводина Бошко Вучуревиќ.

    ,,Во текот на своето постоење Сојузот се изгради во етаблирана самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, која застапува околу 20.000 деловни субјекти и во иднина ќе продолжи да гради поцврсти бизнис релации со регионот и меѓународно. Да бидеме глас на бизнис заедницата, подржувач на економскиот раст  и економската стабилност на Македонија, партнерски забрзано да се движиме напред во нова декада на наше успешно работење” истакна Ангелоски.

    Ангелоски е и член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите. Вмрежувањето е клучен сегмент во изградбата на меѓусекторска соработка и интернационализација на бизнисите.

    На свеченоста беа доделени награди и признанија на најуспешните компании од областа на земјоделството, индустријата и услугите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично