Пензиските друштва донираа пациент-монитори за Универзитетската клиника за инфективни болести

Датум на објава: 10.04.2020

Време зa читање: 2 минути

 

Трите пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, донесоа заедничка одлука за пренамена на планираните средства од заедничката едукативна кампања за набавка на опрема за ЈЗУ Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со цел да им се помогне на здравствените институции и лекарите пензиските друштва донираа пациент-монитори од производителот „Edan Instruments“. Со овие монитори се следат виталните функции на пациентите како што се брзината и ритамот на чукање на срцето или ЕКГ (ECG), крвниот притисок, телесната температура, брзината и ритамот на дишење и заситеноста со кислород.

„Како општествено одговорни компании на овој начин сакаме да дадеме поддршка на институциите и заедницата во справување со кризата. Борбата со Ковид-19 вирусот е заедничка и сите ние заедно преку лична и општествена одговорност треба да дадеме свој придонес. Со оваа наша донација се надеваме дека ќе помогнеме што побрзо да се надмине оваа криза. Во оваа прилика би сакале да упатиме и голема благодарност до сите лекари и здравствени работници кои во овие моменти даваат натчовечки напори во справување со оваа ситуација.“, изјавија пензиските друштва по повод донацијата.

Прочитајте и ...  Европските берзи во црвено поради зголемените инфекции со Ковид-19

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk


Тагови: донација, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје, Клиника за инфективни болести, пациент-монитори, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, Триглав пензиско друштво а.д. Скопје,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: