ПОВЕЌЕ

    ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: Кои 100 компании направија најголем приход?

    Време зa читање: 2 минути

    Веќе шеста година по ред Порталот Пари со платформата за бонитетни информации, БизнисМрежа.мк, ја скенира македонската економија низ призма на компаниите што најмногу учествуваат во создавањето на бруто-домашниот производ и имаат најмногу работници.

    Како што веќе објавивме, во 2025 година, 100-те најголеми компании по приход направиле заеднички приход од 13,3 милијарди евра, а во 2024 година, нивниот заеднички приход бил 12,6 милијарди евра.

    Предмет на рангирањето на 100-те најголеми се компаниите што се трговски друштва во приватна сопственост. Ранг-листата не вклучува правни лица, банки, осигурителни компании, државни институции, компании во државна сопственост и останати правни лица што не се регистрирани во согласност со Законот за трговски друштва.

    Пред вас е целата листа, а нашата цел е заедно да погледнеме кои се фирмите што успеваат најмногу да создадат и продадат. Бидејќи голем дел од нив ѝ се познати на пошироката јавност, ова е уште една можност секој сам да си анализира: колку успеваат домашните, а колку странските фирми, за какви дејности има најголем интерес, каде растат приходите, а каде паѓаат?

     

    Следно од серијалот: Што е специфично за 100-те најголеми по приход?

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    ЕКСКЛУЗИВНО НА ПАРИ: Како чука срцето на македонската економија?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично