Министерот за правда Јетон Шасивари им ги додели повелбите на новоименуваните нотари, со што тие ја преземаат функцијата и обврската да постапуваат совесно, непристрасно и во согласност со законите.
Од Министерството велат дека нивната работа треба да придонесе кон правната сигурност и довербата на граѓаните во правниот систем. Шасивари им порача дека професионалноста, интегритетот и одговорноста се од особено значење за јакнењето на довербата во правосудството.
„Вашата професионалност, интегритет и одговорност се од особено значење за јакнењето на довербата на граѓаните во правниот систем“, истакна министерот Шасивари.
Аналитика








