ПОВЕЌЕ

    Нетрговски пренесени 3.994 акции во три работни денови

    Време зa читање: 2 минути

    Во нетрговски трансфери минатата недела сопственоста е пренесена кај 3.994 обични акции на котирани друштва, покажуваат податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза. Резултатот е постигнат во скратена работна седмица, односно во текот на три дена.

    Најголем дел од акциите – 2.474, се трансферирани во средата на 10 јануари. На врвот се акциите на „Либерти“, 735 на број. Зад нив се 507 акции на „Макстил“ и 441 на „АрцелорМиттал“ (ХРМ).

    Следуваат 334 акции на ВВ „Тиквеш“ АД Кавадарци, 150 на „Макпетрол“, 134 на Комерцијална банка, 56 на „Алкалоид“, 39 на ГД „Тиквеш“ АД Кавадарци, 24 на „Уготур“, 23  на РЖ „Интер-Трансшпед“, 22 на РЖ „Економика“ и 9 обични акции на РЖ „Техничка контрола“.

    И во наредниот ден имало активности од овој вид, при што се пренесени 1.130 акции: на „Гранит“ 401, на „Алкалоид“ 379 и на „Македонски телеком“ 350 обични акции.

    Во петокот, пак, низ нетрговски трансфер минале само акции на „Македонски телеком“. Овојпат – 390. Акциите на оваа компанија, вкупно 740, се најбројни во нетрговските трансфери извршени минатата недела.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично