ПОВЕЌЕ

    Модерна и Фајзер ќе заработат десетици милијарди од Ковид вакцини: Заслужена награда или профитерство?

    Време зa читање: 2 минути

    На почетокот на пандемијата, експертите предупредија дека човештвото не треба да се потпира премногу на вакцината затоа што се потребни години за да се развие. Само по десет месеци, започна масовна вакцинација во некои земји, а компаниите кои стојат зад првите вакцини станаа светски познати брендови практично преку ноќ.

    Како резултат, аналитичарите за инвестиции предвидуваат дека најмалку две компании, американската биотехнолошка компанија „Модерна“ и германскиот „БиоНТек“ со својот партнер, американскиот гигант „Фајзер“, ќе заработат десетици милијарди долари во следните неколку години.

    Сепак, многумина сметаат дека поради обемот на хуманитарната криза и огромните државни инвестиции, неприфатливо е фармацевтските компании да работат во оваа ситуација на начинот на кој се навикнати.

    Десетици милијарди профит

    Аналитичарите на Волстрит, како што пренесува Си-Ен-Ен, предвидуваат дека компаниите Фајзер и Модерна само следната година ќе остварат приход од 32 милијарди долари од вакцините. Покрај тоа, треба да се разгледа позитивниот маркетинг за двете компании кои помогнаа да се стави крај на најтешката пандемија во последните 100 години.

    Тој тип на маркетинг ќе значи многу за Модерна, млада биотехнолошка компанија за која малку луѓе слушнале пред 2020 година, посочува Си-Ен-Ен. Вакцината против Ковид ја претвори Модерна од буквално непозната компанија во фармацевтски центар. Си-Ен-Ен наведува дека акциите на оваа компанија се зголемија за 700 проценти и дека половина од нејзината пазарна вредност е врзана за вакцината.

    Модерна се предвидува да заработи 13,2 милијарди долари од вакцините следната година, а слични приходи се очекуваат во следните две години. Ова се неверојатни суми за компанија која заработи само 60 милиони долари во 2019 година и никогаш порано не лиценцирала производ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично