ПОВЕЌЕ

    Мобилната апликација на Сава пензиско друштво рангирана на прво место во категорија на финансиски апликации во Р.С. Македонија од Google Play Store

    Време зa читање: 2 минути

    Сава пензиско друштво е првото пензиско друштво кое за членовите во пензиските фондови изработи мобилна апликација. Преку мобилна апликација Сава пензиско план, тие ги имаат сите потребни информации поврзани со својата пензиска заштеда во вториот и третиот пензиски столб.

    Мобилната апликација можете да ја симнете на следниот линк: Сава Пензиско План.

    За да пристапат во апликацијата членовите треба да употребат корисничкото име и лозинка кои Сава пензиско друштво им ги доставува во Извештаите за пензиска заштеда. Доколку не ги знаат, можат да се обратат на [email protected] или на 02/15-500.

    Членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус во апликацијата можат на брз и едноставен начин може да генерираат детален извештај за пензиската заштеда,  да ги ажурираат личните податоци,  да променат начин на известување, да одберат да добиваат известувања секогаш кога ќе им биде уплатен придонес, како и други корисни информации.

    Бројните можности кои ги нуди мобилната апликација за своите членови, придонесоа таа од страна на Google Play Store моментално да биде рангирана на прво место во категорија на бесплатни финансиски мобилни апликации во државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично