Акционерите на Макпетрол ќе поделат дивиденда во вкупен бруто-износ од 467,3 милиони денари, односно 7,6 милиони евра. Исплатата ќе се врши по 4.620 денари бруто за акција. Одлуките се донесени на акционерското Собрание што се одржа вчера.
Според дивидендниот календар, 12 јуни е последен ден на тргување со право на дивиденда, додека 15 јуни ќе биде прв ден на тргување без право на дивиденда. Како датум на пресек на акционерската книга е утврден 16 јуни, а исплатата ќе се изврши најдоцна до 30 септември.
Средствата се обезбедени од тековната добивка за 2025 година од 19,7 милиони евра, заедно со акумулираната добивка од претходните години од 26 милиони евра. Или, вкупно 45,3 милиони евра кои се распределуваат за повеќе намени.
Покрај дивидендата, 6,5 милиони евра се издвојуваат за инвестиции, а близу 4,9 милиони евра за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп. За вработените се предвидени околу 3,2 милиони евра.
Дополнително, за членовите на Управниот одбор се одвојуваат 698,7 илјади евра, а за раководните лица 260,7 илјади евра. Во наредната година ќе се пренесат 22,2 милиони евра од добивката.
Аналитика








