ПОВЕЌЕ

    Македонски телеком: Добивката од 40,6 милиони евра ќе се подели како дивиденда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на Македонски телеком ќе поделат дивиденда од 40,6 милиони евра, односно целата добивка остварена од работењето во 2025 година. Бруто дивидендата изнесува 28,9 денари по акција. Одлуките биле потврдени на вчерашното Собрание на акционери.

    Според усвоениот дивиденден календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 1 јули, додека 2 јули е прв ден на тргување без право на дивиденда. Пресекот на акционерската книга ќе се изврши на 3 јули, кога ќе биде утврдена листата на акционери што ќе добијат дивиденда за 2025 година.

    Исплатата ќе се реализира најдоцна до 30 септември. Од компанијата посочуваат дека при исплатата, доколку е применливо, ќе бидат задржани и уплатени сите законски предвидени даноци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично