ПОВЕЌЕ

    Кина „намигна“ на трговскиот договор со САД, берзите скокнаа

    Време зa читање: 2 минути

    Акциите се зголемија на Вол Стрит, откако извештаите во медиумите го поттикнаа оптимизмот за претстојните трговски разговори меѓу Кина и САД.

    Индустрискиот индекс Dow Jones 30 бележи пораст од 94 поени или 0,4%, индексот S&P 500 порасна за 0,5%, а NASDAQ 100 порасна за 0,7%, пренесува агенцијата American Press.

    Со раст од 0,6%, акциите на Apple исто така придонесоа за добивката.

    Наводно, се цитираше како Кина изјавува во светските медиуми дека сè уште е отворена за некаков договор, дури и ако се решат само некои од трговските теми, пренесува American Press.

    Европските берзи се зголемија и денес, откако Централната банка на Англија објави дека финансискиот систем на Велика Британија, и во отсуство на договор за трговија и некои други прашања, е подготвен да се справи со излегувањето на Велика Британија од Европската унија (Бергзит).

    Euro Stoxx 50 порасна за 0,75%, Лондон FTSE 100 за 0,33%, Франфурт DAX 0,97%, Париз CAC 40 за 0,67% и Мадрид IBEX 35 za 0,46%, пренесува агенцијата Bloomberg.

    Во Азија, јапонскиот индекс Токио Nikkei 225 падна за 0,61% и Хонг Конг Hang Seng 50 за 0,81%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично