ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на ЦКБ Банка за претстојниот период

    Време зa читање: 2 минути

    Во текот на 2020 година, Банката оствари нето-добивка во висина од 17 милиони денари. Овој финансиски резултат е за 7 милиони денари подобар од резултатот остварен минатата година, но е за 45% понизок од планираниот за периодот.

    Какви се очекувањата на менаџментот на банката за периодот што следи?

    Макроекономските услови, во кои Банката ја остварува својата активност во 2020 година, значително  се разликуваат во однос на првичните проекции, кога беше предвиден раст на домашната економија. Согласно со објавените квартални истражувања на НБРСМ, падот на БДП на домашната економија во 2020 година се очекува да изнесува -4,9%[1]. Очекувањата се дека ваквите трендови ќе продолжат и во годината што следува, со постепено олабавување и сигнали за излез од кризата кон втората половина од годината.

    Во услови на значителен пад на економијата и продолжена неизвесност и ограничувања на пазарот, Банката успеа да се приспособи на пазарниот предизвик и да ги одбрани поставените бизнис-цели. И во периодот кој претстои, Банката ќе настојува да ги задржи воспоставените трендови на раст на бизнисот и проширување на клиентската база. Со цел брза ревитализација, Банката ќе продолжи да работи во насока на помош за погодените клиенти од новонастанатата состојба при што, покрај раст и развој, ќе биде фокусирана на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање поволни решенија на барањата на клиентите кои се најзасегнати од здравствената и од економската криза.

    Ќе продолжат напорите за модернизирање на постојниот технолошки сетап на Банката и зголемување на достапноста на продуктите и услугите. Следејќи ги современите текови во развојот на информатичките технологии во банкарското работење, Банката ќе продолжи да ги развива и усовршува и алтернативните канали за дистрибуција, со цел намалување на ризикот од ширење зараза.

    Посветеноста кон зголемување на квалитетот и ефикасноста во клиентската услуга и зголеменото клиентско задоволство остануваат во врвот на приоритетите за претстојната година. Банката ќе се стреми кон одржувањето позитивна и стимулативна работна атмосфера, преку поттикнување на иницијативите и наградување на реалните резултати и успеси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично