Актуелно

Информација за резултати од инвестирање на средствата на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Датум на објава: 01.11.2019

Сава Пензиско информира дека на ден 28.10.2019 година на сметката на Сава пензиски фонд пристигнаa приливи од камата во износ од 372.822 денари и 207.836 денари, по основ на орочени депозити во Стопанска Банка АД Битола и Охридска банка АД Скопје, соодветно.

Исто така, на ден 28.10.2019 година на сметката на Сава пензија плус пристигна прилив од камата во износ од 120.000 денари, по основ на орочен депозит во Универзална Инвестициона банка АД Скопје.

Овие приливи кои се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Повеќе информации за резултатите од инвестирањето на средствата на пензиските фондови имате на https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/company/financial-report/2019/


Тагови: Сава пензија плус, Сава пензиски фонд, Сава пензиско друштво,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: