ПОВЕЌЕ

    Иднината на британската економија е невообичаено неизвесна

    Време зa читање: 3 минути

    Иднината на британската економија е невообичаено неизвесна, предупреди Банката на Англија (Boe – Bank of England), повикувајќи се на нагло зголемување на бројот на лица заразени со ковид 19 и Брегзит.

    Централната банка вели дека новите вакцини за коронавирусот се добра вест за долгорочен раст, но дека скокот на бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 во изминатиот период ќе го попречи закрепнувањето, пишува британски Би-Би-Си.

    Неизвесноста за идните трговски односи меѓу Велика Британија и ЕУ исто така ги замагли очекувањата, додаваат тие.

    На својата редовна седница во петокот, BoE ги задржа каматните стапки на рекордно ниско ниво од 0,1 процент и ја потврди сумата на програмата за стимулации на економијата.

    „Очекувањата за економијата остануваат невообичаено неизвесни“, заклучува банката.

    „Тие зависат од развојот на пандемијата и мерките преземени за заштита на јавното здравје, како и од природата на новите трговски аранжмани меѓу Европската унија и Велика Британија и транзицијата кон нив.

    Успешното тестирање на некои вакцини против ковид и плановите за нивно воведување следната година веројатно ќе ги „намалат ризиците од влошување на економијата“, но неодамнешното ширење на инфекцијата и повторното воведување на рестриктивни мерки повторно ја намали глобалната активност, посочуваат тие.

    „Успешното воведување на вакцината треба да поддржи со постепено исклучување на рестриктивните мерки и враќање на секојдневните активностите“, се вели во извештајот, „иако е помалку јасно како ваквите очекувања ќе влијаат на непосредното економско однесување на домаќинствата и деловните субјекти“.

    Флексибилност

    Инфлацијата од 0,3 проценти во ноември е сè уште далеку под целното ниво на банката од два процента, потсетува BoE, додавајќи дека е подготвена е да толерира инфлација над два проценти доколку Брегзит без договор предизвика нагло слабеење на фунтата и со тоа да ги зголеми увозните цени.

    Тие, исто така, планираат да продолжат со купување на британски државни обврзници со речиси непроменето темпо на почетокот на 2021 година во обид да ја поддржат економијата. Но,ако ситуацијата се влоши, тие се подготвени повторно да ја зголемат вредноста на таа програма.

    Самуел Томбс од макроекономијата „Пантеон“ рече дека тоа е „досега најјасниот сигнал дека (БоЕ) дополнително ќе ја олесни монетарната политика доколку не се постигне договор“.

    Од канцеларијата за буџетска отчетност, независен прогнозер на владата, предвидува дека економијата ќе се намали за 11,3 проценти оваа година, најголем пад во последните 300 години. Невработеноста се проценува да скокне на 9,7 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично