ПОВЕЌЕ

    Халк банка со донација од 50 илјади евра за семејствата на настраданите во Кочани

    Време зa читање: < 1 минутa

    Како поддршка за семејствата на загинатите и на повредените во пожарот што се случи во дискотеката во Кочани, Халк банка донираше 50 илјади евра.

    „Во овие тешки времиња, ја изразуваме својата солидарност со сите погодени од трагедијата. Со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, даваме поддршка за семејствата на загинатите и повредените.

    Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани…

    А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, велат од Халк банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично