
Комерцијална банка ја продолжува поддршката на Македонската кошаркарска федерација и во сезоната 2026/2027, задржувајќи ја улогата на генерален спонзор на сениорската машка кошаркарска репрезентација.
Со продолжувањето на соработката, Банката уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон развојот на македонскиот спорт и создавањето услови за нови спортски успеси и афирмација на младите спортски таленти.
Од Комерцијална банка истакнуваат дека поддршката на спортот е дел од нивната долгорочна стратегија за општествено одговорно работење, насочена кон младите и нивниот развој. Преку партнерството со Македонската кошаркарска федерација, Банката придонесува и за промовирање на здрави животни навики, спортски дух и активен начин на живот кај младите генерации.

„Веруваме дека преку спортот се градат вредности како што се дисциплината, одговорноста, тимската работа и упорноста. На тој начин се создаваат генерации кои знаат да поставуваат цели, да носат одговорни одлуки и самоуверено да ја градат својата иднина“, посочуваат од Банката.
Продолжувањето на спонзорството претставува уште една потврда за определбата на Комерцијална банка да биде активен партнер во развојот на македонскиот спорт и поддршка на националните спортски селекции.
Аналитика








