Од полноќ следува ново значително намалување на горивата. Најголемото кратење на цените се прави кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, кои ќе поевтинат за 7 денари по литар. Бензинот Еуросупер БС-95 ќе биде поевтин за 3,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 4 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 6,61 отсто во однос на претходната одлука.
Од утре, на бензинските станици горивата ќе се точат по следните максимални цени:

Кај мазутот намалувањето изнесува 3,932 денари по килограм.
Како причина за поевтинувањето се наведува падот на референтните цени на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се намалени за 8,2 отсто, дизелот за 12,7 отсто, екстра лесното масло за 12,35 отсто, а мазутот за 11,35 отсто. Воедно, курсот на денарот во однос на доларот, во периодот меѓу двете пресметки на регулаторот, е понизок за 0,0396 отсто.
Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални цени, односно трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени од утврдените.
Аналитика








