ПОВЕЌЕ

    ЗОИЛ Македонија, идното Алта Осигурување, ќе се докапитализира со 1,3 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    ЗОИЛ Македонија од Битола по пат на приватна понуда ќе ја издаде втората емисија акции во вредност од 1,3 милиони евра, наменета за единствениот акционер на друштвото. Станува збор за компанијата што од април годинава е дел од српската Алта Група и на пазарот, по добивањето на сите дозволи од регулаторите, ќе делува под името Алта Осигурување.

    Одобрение за новата емисија доби од Комисјата за Хартии од вредност, која денес ја ода 90. седница:

    „Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на ЗОИЛ Македонија АД Битола се дава одобрение за издавање втора емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со втората емисија на акции ЗОИЛ Македонија АД Битола ќе издаде 26.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 50 евра по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.300.000 евра“.

    Практично, станува збор за докапитализација што ќе ја изврши единствениот акционер, со цел зајакнување на капиталната позиција на друштвото и исполнување на законските барања за гарантен фонд и капитална адекватност. На тој начин се обезбедуваат дополнителни средства за непречено работење на осигурителната компанија.

    „Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – единствениот акционер во Друштвото, а поради исполнување на наложената супервизорска мерка на Агенцијата за супервизија на осигурување, односно усогласување со Законот за супервизија на осигурување, одржување на потребниот гарантен фонд и адекватност на капиталот  и непречено вршење на редовното работење на Друштвото“, наведено е во соопштението на КХВ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично