ПОВЕЌЕ

    Македонски Телеком предводи меѓу нетрговските трансфери на 2.711 акции од 12 компании

    Време зa читање: 2 минути

    Во 15 нетрговски трансфери, во текот на минатата недела сопственоста е променета кај 2.711 обични акции што се издадени од 12 друштва.

    Двојни преноси се забележани кај хартиите од вредност на три компании. Во понеделникот е реализиран трансфер на 10 обични акции од Алкалоид, а во среда на 22 обични акции, чијашто просечна цена е 25.022,73 денари.

    Во истите денови се извршени трансферите на 24 и на 33 обични акции на Окта. Имаат просечна вредност од 6.100 денари, која датира од 3 јуни кога било последното тргување.

    И акциите на Гранит се процесуирани во два наврати, прво 450, а потоа 100. Претходната седмица ја заокружиле со просек од 1.549,80 денари.

    Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, најобемен е нетрговскиот трансфер на Македонски Телеком – со 817 обични акции. Единечна цена за акција е 500 денари.

    Пренос е направен и на 600 акции од Макстил. Последното берзанско тргување било на 16 месецов, а просекот по акција е 122 денари.

    Со 474 акции е застапен Македонијатурист, каде што неодамна се случија промени во сопственичката структура. Ценовниот просек на оваа акција е 8.428,56 денари.

    Без берзанско тргување сопственоста е сменетаа и кај 100 обични акции издадени од Жито Лукс. Во изминатите 52 недели на Берзата се регистрирни 20 тргувања, последното во мај, а цената е 138 денари за акција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично