ПОВЕЌЕ

    Гранит: Добивката се реинвестира, за дивиденда 2,2 милиони евра од старите резерви

    Време зa читање: < 1 минутa

    Целиот износ на добивката за 2025 година од 3,3 милиони евра, Гранит ќе ја искористи за реинвестирање. Акционерите ќе добијат дивиденда од нераспределените средства што се акумулирале од добивките остварени до 2008 година. За таа намена се издвоени 2,2 милиони евра.

    Дивидендата ќе се пресметува по бруто 49 денари за акција, а исплатата ќе се реализира во рамките на законскиот рок до 30 септември. 1. Износот на дивиденда за една акција во бруто износ изнесува 49 денари.

    Според дивидендниот календар усвоен на акционерското Собрание, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2025 година е 27 мај, а прв датум на тргување без право на дивиденда е 28 мај. Пресекот на акционерската книга ќе се направи на први јуни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично