ПОВЕЌЕ

    Околу 115.000 граѓани на меил ќе добијат код за користење на ваучерите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Сите граѓани кои ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам, преку УЈП на својата е-пошта ќе добијат QR код, заедно со упатство за користење на истиот, информираат од Владата пред почетокот на распределбата на вредносните ваучери кои се дел од третиот сет мерки за развој на домашниот туризам и поттикнување на потрошувачката.

    Ваучерот, во вредност од 6.000 денари, може да се искористи од 15 јули до 15 декември 2020.

    Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 115.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично