ПОВЕЌЕ

    Одбележете ја и вие Глобалната недела на парите – посетете ја „Финансиската училница“ на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Финансиската благосостојба на населението е наша обврска и одговорност. На тоа нè потсети и годинашното јубилејно 10-то одбележување на Глобалната недела на парите под мотото „Изгради ја својата иднина, биди паметен со парите“. Глобалната недела на парите е кампања која има за цел да ги поттикне младите да станат финансиски писмени за да си обезбедат финансиска благосостојба и независност.

    Во името на оваа глобална и благородна мисија, Комерцијална банка е силно посветена на едуцирање и информирање не само на клиентите, туку и на сите заинтересирани граѓани за светот на финансиите бидејќи тој нуди голем избор, но бара и многу знаење и паметни одлуки. За да ја исполни својата задача посупешно, Банка во 2018 година ја создаде „Финансиската училница“ која сега е достапна за секој посетител на веб-страницата kb.mk.

    „Финансиската училница“ на Комерцијална банка е богат извор на знаење и на носење паметни одлуки од страна на сите корисници на финансиски производи и услуги, а особено на младите. Целта на „Финансиската училница“, проект кој е дел од стратегијата за општествена одговорност на Комерцијална банка, е да ја наметне потребата кај младите финансиски да се едуцираат за да си обезбедат побезгрижна иднина и поквалитетен живот. Финансиската благосостојба на секого зависи од него лично, а одговорно се однесуваат финансиски писмените граѓани, кои знаат како да управуваат со сопствените финансии.

    „Финансиската училница“ веќе едуцираше 720 ученици од 13 средни и три основни училишта. Минатата година истражуваше на тема „Штедење“ со над стотина средношколци од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје, а авторите на трите најдобри есеи ги награди со Штедни книшки со орочен депозит на една година во износ од 6.000 денари за прва, 4.500 за втора и 3.000 денари за трета награда.

    Комерцијална банка го честита 10-годишниот јубилеј на „Глобалната недела на парите“ и ги поканува младите и сите останати граѓани во земјава да го збогатат своето финансиско знаење преку нашата „Финансиската училница“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично