ПОВЕЌЕ

    Германија број еден производител на пиво во ЕУ, во регионот на прво место е Србија

    Време зa читање: 2 минути

    Соглансо најновата статистика на „Евростат“, минатата година во ЕУ се произведоа над 34 милијарди литри пиво. Производството на пиво на ЕУ е еднакво на околу 77 литри по жител.

    Меѓу земјите членки на Европската Унија, Германија е топ производител на пиво во 2019 година со производство од 8,0 милијарди литри или 23% од вкупното производство на ЕУ.  Поточно, околу една на секои четири алкохолни пива произведени во ЕУ потекнува од Германија.

    Веднаш по Германија следат Полска и Шпанија со 11% од вкупното производство на ЕУ, потоа следи  Холандија со 2,5 милијарди литри или 7%, Белгија со 2,4 милијарди литри, или 7%, потоа Франција  со 2,0 милијарди литри  или  6%  и Чешка  со 1,9 милијарди литри, или 6%.

    Во споредба со 2018 година, Литванија забележа најголемо зголемување на производството на алкохолно пиво, по што следат Шпанија и Италија.

    Наспроти ова, производството на пиво во Холандија опадна за 9%, во Латвија за 7% и во Словачка за 6%.

    На светско ниво најголем извозник на пиво е Миксико, од каде само мината година се извезени пива во вредност од 4,1 милијарди долари.

    Македонските производители на пиво во текот на 2019 година извезле пиво во вредност од 3,45 милиони долари. Извозот на пиво лани бележи раст од 1,9% во споредба со претходната 2018 година. Гледно регионално, Србија е најголем извозник на пиво и 27ми најголем извозник во светот со извоз на пиво вреден 58 милиони долари минатата година.

    Словенија извезла пиво во вредност од 42,7 милиони долари, Хрватска во вредност од 35 милиони долари, Бугарија и Грција извезуваат пиво во висина од околу 23 милиони долари, а Босна и Херцеговина извезува помалку од нас во вредност од 2,1 милиони долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично