ПОВЕЌЕ

    По наголемиот пад на БДП во Германија, интервентна акција од 10 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Германските коалициони партии се согласија да ги прошират мерките за ублажување на негативните ефекти од кризата со корона вирусот врз најголемата економија во Европа за дополнителни 10 милијарди евра, вклучително и проширување на програми за скратено работно време и замрзнување на правилата за корпоративна несолвентност.

    Германската економија доживеа најголем пад досега во вториот квартал, за дури 9,7 проценти, така што владата е очајна и презема интервентна акција за да ги ублажи ефектите на пандемијата колку што е можно повеќе, особено пред изборите во есента 2021 година, пренесува Ројтерс.

    Ковид 19 останува наша реалност и предизвик. Денес се согласивме да ги прошириме важните и ефективни мерки во борбата против последиците од вирусот“, рече Анегрет Крамп-Каренбауер, лидер на Конзервативните демохристијани, по скоро седумчасовни разговори со коалициските партнери од Социјал-демократската партија.

    Меѓу другото, било договорено субвенциите за работа со скратено работно време, кои треба да истечат во март 2021 година, да бидат продолжени до крајот на следната година и дека помошта за малите и средни претпријатија за надминување на тековната криза ќе продолжи до крајот на оваа година.

    Програмата за субвенционирање со скратено работно време има за цел да ги зачува работните места, овозможувајќи им на работодавците да ги задржат работниците додека го намалуваат работното време.

    Министерот за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц, за јавниот сервис изјави дека овие мерки може да ја чинат државата дополнителни 10 милијарди евра следната година.

    Сега целта е да се стабилизира економијата. Фактот што дејствувавме со брзи и обемни мерки резултираше во тоа што Германија ја надмина оваа криза многу подобро од другите земјите“ рече Шолц.

    Исто така, беше договорено да се продолжи суспензијата на регулативата за задолжително поднесување барање за стечај на компаниите кои се несолвентни и имаат финансиски проблеми поради пандемијата до крајот на годината.

    Владата на германската канцеларка Ангела Меркел претходно усвои огромен стимулативен пакет, вреден повеќе од 130 милијарди евра, за кој се надева дека ќе и помогне на економијата да се врати на патот на раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично