ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е четвртото друштво за осигурување основано на територијата на Р.Македонија, врши повик за работа за следната работна позиција:
МЕНАЏЕР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ
Опис на работните задачи и одговорности:
- Развој и следење на каналот на продажба на осигурување преку јавните набавки;
- Изготвување комплетната документација за учество на јавни набавки во осигурување;
- Секојдневен увид во објавените огласи во Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки и мониторинг на отпочнатите постапки, како и целосна комуникација со надлежните институции-органи (Национално биро за осигурување, Бирото за јавни набавки, договорни органи и др.);
- Oдговорности по однос на документацијата неопходна за учество на јавните набавки;
- Водење и ажурирање на база на податоци од јавни набавки во осигурување;
- Организирање на работата на референтите за продажба на осигурување за навремено и точно опслужување на клиентите кои имаат склучено договори за осигурување со Друштвото во постапки по јавни набавки, изготвување на полиси за осигурување и фактури кон полисите и останати документи;
- Учество во процесот по жалби по одлуки за јавни набавки.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование – Општа, Економска или Техничка насока;
- Работно искуство во процеси на јавни набавки/постапки по тендери;
- Општо работно искуство од 5 години;
- Работно искуство во делокругот на осигурување од 3 години;
- Одлични вештини за работа со компјутер, особено word, excel и соодветни web апликации;
- Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
- Високи комуникациски способности и тимски дух;
- Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
- Организираност и одговорност.
Друштвото нуди:
- Вработување на определено работно време, со можност за продолжување на договорот за вработување;
- Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
- Работа во динамично опкружување, развојна и пријатна средина.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија на македонски јазик на: [email protected], со назнака дека аплицирате за конкретното работно место.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.