ПОВЕЌЕ

    Две наддавања за големи пакети на ТЕ-ТО: Почетната цена за акција 647 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во среда и во четврток ќе се одржат јавни берзански аукции на кои ќе бидат понудени големи пакети акции издадени од ТЕ-ТО. На првата ќе се наддава за 25, а на втората за две обични акции. Принципот е „сѐ или ништо“, а почетната цена е 647 илјади евра за акција. Аукциите се организираат по барање на Комерцијална банка.

    „Ве известуваме дека на 28.02.2024 година (среда) и 29.02.2024 година (четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба два пакети акции“, се вели во објавата на Македонска берза.

    Притоа, се појаснува дека на првата аукција, закажана за во среда, ќе бидат понудени 25 обични акции, што претставува 10 проценти од основната главнина на ТЕ-ТО, чија почетна продажна цена е од 39.871.715,00 денари по акција преку моделот „сѐ или ништо“. Истите правила важат и за наддавањето во четврток, со таа разлика што се работи за две обични акции, или за 0,80 од основната главнина на друштвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично