ПОВЕЌЕ

    Добра вест за инвеститорите – Илија Илоски купи 100 акции од Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Сто акции од Комерцијална банка купи главниот оперативен директор и член на Управниот одбор, Илија Илоски. За овој потег на второт човек во сопственото раководство, кој претставува добра вест за инвеститорската јавност, Банката информира преку објава на Македонска берза.

    „Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-дин Илија Илоски, Главен оперативен директор и Член на Управниот одбор, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“.

    Акцијата на Комерцијална банка на последниот работен ден од неделава имаше просечна цена од точно 16.221,60 денари, па може да се претпостави дека во стоте акции вложил околу 26 илјади евра.

    Инаку, Илоски, кој има богата деловно-политичка кариера, годинава одбележува „полнолетство“ од стапувањето во редовите на најголемата македонска банка. Таму е од 2006 и првите две години ја предводеше Комерцијална како генерален директор, а од 2008 е на актуелната позиција главен оперативен директор.

    Дека и цената и моментот се погодни за инвестирање во Комерцијална банка, покажува и претходниот пример. Пред само неколку дена сто акции купи и главниот директор за корпоративно банкарство и член на УО, Билјана Максимовска – Поповиќ. И таа зад себе има долгогодишен стаж во најдобрата македонска банка, која на секои три месеци од работењето ги урива сопствените рекорди. За потсетување, 2023 ја заврши со добивка од над 58 милиони евра, а нејзината акција во тргувањето на Берзата постигна највисок промет – 25,6 милиони евра.

    Со купувањето на акциите, двајцата членови од менаџментот не само што покажу ваат дека веруваат во стабилноста и успешноста на банката со која раководат, туку и сигнализираат – време е за вложување во Комерцијална.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично