ПОВЕЌЕ

    Кого штити брокерот кога наплатува од двете страни?

    Време зa читање: 2 минути

    Кого штити брокерот: компанијата што бара пари преку акции или обврзници или граѓанинот што вложува? Михајло Брова Зиков, директор на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност во Комерцијална банка, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ со одговор: Ги штитиме и двете страни. Посредникот ја подготвува документацијата за издавачот и бара заинтересирани инвеститори, а наплатува провизии и од едните и од другите. Затоа, пред да се инвестира, важно е да се разбере каква услуга се плаќа и која е улогата на посредникот во зделката.

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS .

    Горан Теменугов: Вие кого би штителе при издавање? Тој што издава или тој што купува?

    Михајло Брова Зиков: Директен одговор е дека двете страни. И ги штитиме, и имаме интерес од двете страни…

    … Да ја подготвиме целата документација и проспект за издавачот. Значи, тука ние го имаме интересот, затоа што, на крајот на краиштата, наплатуваме провизии, сè за што е договорено со издавачот…

    …Второ е, имаме ние секако интерес да најдеме и доволно инвеститори кои што ќе бидат заинтересирани, и да промовираме и да најдеме, затоа што секако ние како посредници едноставно и оттаму наплатуваме провизија, и од страна на инвеститорите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично