ПОВЕЌЕ

    ДДВ од 10 проценти за дизелот – до 12 октомври

    Време зa читање: < 1 минутa

    До 12 октомври е новиот рок во кој ќе се применува стапката на ДДВ од 10 проценти за дизел горивото. Владата денес донесе одлука со која го продолжи времетраењето на мерката.

    „Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 % на 10 %, до 12 октомври.

    Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги.

    Реагираме навремено и одговорно, следејќи ги движењата на меѓународните пазари и преземајќи мерки кога тоа е потребно за да го заштитиме стандардот на граѓаните“, вели министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично