ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНЦИТЕ ТРГУВАЛЕ ПОВЕЌЕ ВО СТРАНСТВО ОТКОЛКУ ДОМА

    Време зa читање: 2 минути

    Пари за инвестирање има, но дали домашниот пазар има што да понуди? Главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ посочува дека минатата година прометот на македонски резиденти во странство, само преку членките на Берзата, го надминал домашниот промет. Според него, проблемот е на страната на понудата. За проектот што треба да подготви 10 компании за можен излез на пазарот на капитал се пријавиле 24. Ќе се претвори ли тој интерес во нови можности за вложување дома?

    Иван Штериев:
    „Уште еднаш да повториме како став на Берзата, и моето лично мислење е дека несомнено има проблем на страната на понудата.
    Ако ги гледаме тековите на тргување на македонски резиденти во странство, минатата година, по официјалните податоци, и тоа само тие што одат преку членките на Берзата, прометот во странство го надмина домашниот промет…
    … За проектот за 10 компании се пријавија 24 компании, што е одличен одзив.

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично