ПОВЕЌЕ

    Цената на акцијата на Алкалоид АД Скопје забележува пораст од 39,74% од почетокот на 2019 година заклучно со денес

    Време зa читање: 2 минути

    Од почетокот на 2019 година, заклучно со 25.9.2019 година, истргувани се вкупно 48.605 акции на Алкалоид АД Скопје. За истиот период, цената на акцијата забележува пораст за 39,74%.

    Вкупниот промет изразен во денари изнесува 585.435.396 или во евра 9.519.275.

    Количински, најмногу акции се истргувани на 28.1.2019 година, или количина од 2.268 акции со просечна цена од 8.358,18 денари. Оваа година, заклучно со 25.9.2019 година, седум пати се истргувани акции во количина над 1.000 акции во еден ден.

    Во 2018 година, дивидендата по акција изнесувала 320 денари. Додека во 2017 година, дивидендата по акција изнесувала 270 денари, а во 2016 година дивидендата изнесувала 250 денари по акција.

    Дивидендниот принос во 2018 година, изнесувал 3,9%.


    Извор: Македонска Берза АД Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично