ПОВЕЌЕ

    Алкалоид и Комерцијална банка доминираат во нетрговските трансфери на акции

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата недела биле регистрирани 14 нетрговски трансакции. Без берзанско тргување нов сопственик добиле 1.951 обична акција, издадени од 10 друштва.

    Две трансакции се извршени со акции на Алкалоид: во вторникот биле процесуирани 530, а во четвртокот 2 обични акции. Тие имаат просечна цена од 22.204,55 денари, која датира од последното тргување на 6 ноември.

    Исто така, статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност бележи два нетрговски трансфери со акции на ОКТА: 15 во среда и 69 во четврток. Нивната просечна цена е 6.000 денари.

    Во единечните нетрговски трансфери најбројни се акциите на Комерцијална банка. Евидентирани се 512 обични акции, чијашто просечна вредност е 24.481,13, произлезена од петочното берзанско тргување.

    Промена на сопственоста е направена и кај 345 акции на Трготекстил малопродажба. Со акциите на ова друштво нема ниту едно тргување во изминатите 52 недели, а просечната цена е 98 денари.

    Со знакот на Гранит се 258 обични акции. По последното тргување од 5 ноември, просечната вредност на градежната акција е 1.589,06 денари.

    Во неделната статистика се заведени нетрговските трансфери со 74 обични акции на Тетекс Тетово, 60 на Оилко КДА, 49 на Макпетрол, 33 на Стопанска банка Скопје и 4 обични акции издадени од Фершпед.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично