ПОВЕЌЕ

    Целиот пакет акции на „Генерали Инвестментс“ купен за 2,5 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Блок трансакција од безмалку 2,5 милиони евра е реализирана на Берзата со акции на „Генерали Инвестментс“. Инвеститорот ги купил сите акции издадени од компанијата.

    Податоците за трансакцијата вредна 153.858.114 денари се објавени на Македонска берза. Купен е целиот пакет од 93.574 обични акции. Цената за акција е 1.644,24 денари, додека номиналната вредност е десет евра.

    „Генерали Инвестментс“ на пазарот се појави во 2008 како КД Фондови, а од 2019 година е во рамките на Групацијата „Generali“. Основна дејност е обезбедување стручни и професионални услуги во управувањето со средства и остварување финансиски приноси.

    Во менаџментот на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови се Лазе Камчев, кој е главен извршен директор и извршната директорка Весна Каркинска. Двајцата се дел од Одборот на директори, во чиј состав се претседателката Мелита Рајгељ Озебек и неизвршните членови Сашо Шмигиќ и Марек Бечичка.

    Инаку, „Generali“ е во редот на најголемите глобални осигурителни компании и давател на услуги за управување со средства. Основана во 1831 година и има своја мрежа во повеќе од 50 земји во светот, со работно ангажирани околу 82 илјади лица и 164 илјади агенти, кои опслужуваат 70 милиони клиенти, според состојбата од последниот ден на 2023 година. Вкупната осигурителна премија е 82,5 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично