ПОВЕЌЕ

    Британската економија во 2020 година забележа најголем пад во последните 300 години 

    Време зa читање: 2 минути

    Британската економија забележа пад од 9,9 проценти во 2020 година поради ефектите од коронавирусот, и ова е најголемиот економски пад во земјата во последните 300 години, пренесува Anadolu Agency.

    Според британското биро за статистика (ОНС), бруто домашниот производ (БДП) на земјата се зголеми за еден процент во последниот квартал на 2020 година, надминувајќи ги очекувањата за 0,5 проценти. Само во декември 2020 година, британскиот БДП порасна за 1,2 проценти.

    Во ноември 2020 година, економијата на земјата доживеа пад од 2,3 проценти, а на годишно ниво забележа пад од дури 9,9 проценти, што е најдрастичен пад од 1709 година, кога цела Европа беше погодена од силен бран на студ.

    Иако годишниот економски пад во Велика Британија не надмина 4,1 процент од Втората светска војна, ситуацијата евидентирана во 2020 година според моделите на БДП на Централната банка на Велика Британија е најостриот пад во последните 311 години.

    Британскиот министер за финансии Риши Сунак рече дека овие бројки покажуваат дека економијата доживува сериозен шок како резултат на епидемијата што го погоди целиот свет.

    Тој истакна дека сегашниот карантин сè уште има значително влијание врз многу луѓе и компании, иако има некои позитивни знаци дека економијата дава отпор во текот на зимата.

    „Затоа нашиот фокус е да сториме сè што е во наша моќ да ги заштитиме вработените, компаниите и приходите“, рече Сунак.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично