Доминантниот акционер на Алта банка Битола го зголемува сопственичкиот удел. На Македонска берза е објавена информација дека Алта банка АД Белград се стекнала со дополнителни 9 обични акции. Во моментот поседува вкупно 372.037 обични акции, односно 95,1557 отсто од вкупниот број на обични акции издадени од битолската банка.
Претходно, во март, белградската Алта банка купи 84 акции на Алта банка Битола.
Според берзанските податоци, просечната цена за акција на Алта банка Битола е 3.777 денари. Последното тргување на официјалниот пазар е регистрирано на 1 март.
Во моментот кога официјално ја презеде битолската банка, во октомври минатата година, белградската Алта банка, заедно со поврзаните субјекти, во сопственост имаше 93,26 проценти.
Аналитика








