ПОВЕЌЕ

    Акционерите на ОИЛКО ќе поделат дивиденда од 2,3 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на ОИЛКО КДА Скопје ќе поделат дивиденда од 141.543.000 денари или речиси 2,3 милиони евра. Бруто-износот по акција е 600 денари. Тоа е речиси двојно повеќе во однос на претходната 2021 деловна година, кога акцијата носела бруто 330 денари, а вкупно биле поделени 77.848.650 денари, односно 1,2 милиони евра исто така бруто-износ. Одлуката е донесена на минатонеделното Годишинот собрание на акционери.

    Дивидендата се исплатува од добивката остварена лани од близу 2,8 милиони евра (171.740.502 денари), на која се додаваат и акумулираните 1,6 милиони евра (102.659.902 денари) од годината пред тоа.

    Освен за дивиденда, средства се одвоени и за други намени. Најголемиот дел од 1,8 милиони евра (111.740.379 денари) оди во делот за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп. На вработените ќе им се распоредат 178,3 илјади евра (11.000.000 денари), а управителот ќе добие 24,8 илјади евра (1.530.000 денари ). Во задолжителната општа резерва ќе завршат 139,2 илјади евра (8.587.025 денари).

    Од ОИЛКО посочуваат дека дивидендата што ќе биде дистрибуирана ќе е еднаква на разликата меѓу можностите за финансирање и плановите за финансирање.

    Инаку, ОИЛКО КДА е командитно друштво со акции за транспорт, со основна дејност транспорт и дистрибуција на нафтени деривати. Основач и најголем акционер е скопски „Макпетрол“, со учество од 35 проценти во вредноста на капиталот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично