Во нетрговските трансфери извршени во текот на минатата недела подарени или наследени се 1.679 обични акции. Активностите се одвивале од понеделник до четврток, а застапени се акции на шест компании и на една банка, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност.
Седмицата почнала со пренос на три акции издадени од Комерцијална банка. А, забележани се уште два трансфери – на 50 и на 10 обични акции.
Ден потоа во статистиката е заведен нетрговски пренос на 544 акции на Македонски телеком. Од податоците објавени на Македонска берза се гледа дека и во четвртокот имало трансфер на уште 250 обични акции.
Претпоследниот работен ден бил и најинтензивен во овој сегмент. Направен е трансфер на вкупно 1.082 акции. Меѓу нив, освен претходно споменатите, се 530 обични акции на Макстил АД Скопје и 29 на Уготур АД Скопје. Исто така и емитуваните од РЖ компаниите: 27 акции на Интер-Трансшпед, 225 на Услуги и 11 обични акции на Техничка контрола.