Францускиот суд и наложи на Икеа да плати милион евра поради шпионирање на своите вработени во таа земја, откако водечкиот светски ланец за трговија на мебел беше прогласен за виновен за неовластено собирање и чување на податоците за вработените.
Француската подружница на шведскиот производител за мебел, е обвинета за „демнење“ на своите работници и нарушување на нивната приватност веќе неколку години, прегледување на состојбата на нивната банкарска сметка и понекогаш ангажирање лажни работници за да пишуваат извештаи за вработените.
Обвинителите побараа парична казна од два милиони евра против оваа компанија, која е во сопственост на групацијата „Инга“.
Икеа рече дека ја разгледува одлуката на судот да утврди дали е потребно дополнително дејствие, откако ќе преземе чекори за укинување на спорната тактика за контрола на вработените.
– Ikea Retail France остро ја осудува оваа практика, се извинува и спроведува сериозен план за акција со цел да спречи вакво нешто да се повтори – се наведува во соопштението на компанијата што го пренесуваат агенциите.