ПОВЕЌЕ

    Ова е првата земја чија централна банка одобри употреба на дигитална национална валута 

    Време зa читање: 2 минути

    Бахамите се првата земја во светот чија централна банка им одобри употреба на дигитална национална валута на сите нејзини граѓани. Кина најавува дека дигиталниот јуан ќе стане целосно оперативен следната година, додека токенизацијата на американскиот долар и европското евро, нема да се случат наскоро. Регулаторите во Швајцарија, Естонија и Јапонија, па дури и во „безготовинска“ Шведска, се многу скептични за издавање на национална дигитална валута.

    Од страв што би можела да стори Кина во меѓународниот финансиски систем, ако нејзината централна банка е навистина прва во светот што ја создаде својата криптовалута, во анализата на водечките финансиски институции, но и економски списанија, никој не ги споменуваше Бахамите како фаворит во оваа трка. Но, Бахамите се првата земја во светот што лансираше национална дигитална валута во октомври минатата година. Криптовата валута на Централната банка на Бахамите, е достапна за околу 390.000 луѓе кои живеат на Бахамите.

    Централната банка на оваа островска држава започна пилот програма во 2019 година, со ослободување на 48.000 дигитални “песочни долари”, а на 21 октомври минатата година, официјално објави дека трансакциите со оваа валута можат да се вршат преку мобилен телефон, кој е во сопственост на 90% на населението.

    Според нејзината веб-страница, жителите ќе можат да ја користат својата дигитална валута кај сите трговци кои имаат дигитален паричник, одобрен од Централната банка на Бахамите.

    Причината поради која Бахамите побрзаа да бидат првите во светот што ја пушти во оптек националната дигитална валута, секако не е освојувањето на меѓународниот финансиски пазар, туку фактот дека населението живее на многу вовлечени острови, па целта е да се обезбеди за нив и туристите, подобар пристап до банкарскиот систем.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично