ПОВЕЌЕ

    Поради Брегзит Велика Британија префрли 1.000 милијарди фунти во Европската унија – Најлошото допрва следува!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Повеќе од 400 финансиски компании во Велика Британија ги префрлија активностите, работниците и вкупно илјада милијарди фунти (1.400 милијарди долари) средства во Европската унија поради Брегзит, а најлошото допрва следува, покажува студијата на консултантската фирма New Finance.

    „Сметаме дека овие проценки се конзервативни и очекуваме бројките да растат со текот на времето. На крајот на краиштата, ние сме само на крајот од почетната фаза на Брегзит“, е заклучокот од истражувањето објавено во петокот.

    Европската унија не беше дарежлива кон Велика Британија во однос на директниот пристап до пазарот на финансиски услуги, што не е вклучено во трговскиот договор меѓу Унијата и Велика Британија од јануари.

    Отприлика 7.400 работни места се преселени од Велика Британија или се отворени во нови финансиски центри во ЕУ. Банкарите предупредуваат дека некои планови за преместување на работниците се одложени поради ограничувањата за патување во пандемијата Ковид-19.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично