Францускиот огранок на ИКЕА и неколку нејзини поранешни директори се појавија пред судот под обвинение за незаконско шпионирање на вработени и клиенти.
Синдикатите на вработените ја пријавиле компанијата во француските власти уште во 2012 година, обвинувајќи ја за лажно собирање лични податоци, како и за незаконско откривање на лични податоци.
ИКЕА во Франција, според тврдењата на синдикатот, платила за пристап до полициските досиеја кои имале информации за насочени лица.
Компанијата негираше дека шпионирала нeкого, но шведскиот производител на мебел отпушти четворица газди во Франција, откако тамошните обвинители отворија истрага за злосторствата.