Големата недела за биткоинот стана уште поголема со објавата на раперот Џеј Зи и извршниот директор на Twitter, Џек Дорси што заедно ќе формираат фонд за развој на оваа дигитална валута.
Дорси во петокот ја објави веста на Твитер, пишувајќи дека аплицираат за фонд концентриран во Африка и Индија.
Тој ветува дека двајцата нема да управуваат со фондот и дека ќе бараат тројца членови на управата. Дорси и Џеј Зи инвестираат 500 биткоини во проектот, што во моментов вреди приближно 23 милиони долари.
Биткоинот е веќе во портфолиото на Дорси. Неговата друга фирма „Сквер“ купи 4.709 биткоини во октомври минатата година, што во тоа време изнесуваше 50 милиони долари.
Во 2018 година, компанијата ја прошири својата услуга за плаќање преку мобилна телефонија Cash App за поддршка на тргување со биткоин, дури и за корисници без банкарска сметка. И во 2019 година, тој го лансираше Square Crypto, кој доделува грантови на развивачи и дизајнери на биткоин.
Исто така оваа недела, извршниот директор на Твитер во едно интервју рече дека фирмата разгледува други нови употреби на дигиталната валута, вклучувајќи ги и платите на вработените.